Фудбал

ЛШ: Сигурни победи на Барселона и Јуве, Ливерпул доминантно против Олимпик Марсеј

ЛШ: Сигурни победи на Барселона и Јуве, Ливерпул доминантно против Олимпик Марсеј

Ливерпул се враќа со голема победа од Франција, каде вечерва во претпоследното коло од Лигата на шампионите славеше со 3:0 над екипата на Олимпик Марсеј.

Со головите на Собослаи (45′), на Фримпонг (72′) и на Гакпо (92′), „црвените“ прокнижија три бода кои им носат место во ТОП 8 на табелата и големи шанси да обезбедат директен пласман во осминафиналето.

Јувентус ја оствари третата сезонска победа во најсилното европско натпреварувањ епобедувајќи ја Бенфика со 2:0. Головите на Турам и Меккени во вториот дел беа клучни во триумфот на момците на Спалети, кои сега остануваат сериозно во битка барем за место во плеј-офот.

Челзи со голот во второто полувреме дојде до трите бода на мечот со екипата на Пафос. Еден гол беше доволен за победа на „сините“ кои се пробија во ТОП 8.

Барселона успеа да слави на гостувањето во Прага против Славија со 2:4. Овде домашните почнаа добро и поведоа со голот на Кушај, но следуваа погодоците на Фермин Лопез за целосен пресврт, 1:2.

Со автоголот на Левандовски, домашните повторно израмнија, но на сцена стапија Олмо и Левандовски кои до крајот го потврдија триумфот на гостите.

Баерн (М) во второто полувреме го реши мечот со Ројал Унион. Два гола постигна Хари Кејн во победата од 2:0, иако можеше да постигне и хет-трик, но Англичанецот промаши пенал.

Англиски Њукасл лесно и со високи 3:0 славеше против ПСВ, додека победа на гости оствари и Атлетик Билбао. Шпанците славеа на гости во Бергамо против Аталанта со 2:3.

To top