Фудбал

ЛШ: Реал минимално против Бенфика, ПСЖ славеше над Монако

ЛШ: Реал минимално против Бенфика, ПСЖ славеше над Монако

Во првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на шампионите, Реал Мадрид славеше на гости кај Бенфика со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор во 50. минута по асистенција на Килијан Мбапе

По погодокот, мечот кратко беше прекинат поради обвинувања за расистички навреди кон Бразилецот. Реваншот се игра на 25 февруари на „Сантијаго Бернабеу“.

Борусија Дортмунд пред своите навивачи со 2-0 ја совлада Аталанта. Гираси погоди во 3. минута, а потоа асистираше за Бејер во 42. минута.

Во францускиот дуел, ПСЖ со 3-2 триумфираше на гости кај Монако. Иако домаќините поведоа преку Балогун, ПСЖ направи пресврт со головите на Дуе (два) и Хакими, а Монако во вториот дел остана со играч помалку поради исклучувањето на Головин.

To top