Фудбал

ЛШ: Њукасл го декласира Карабах во Баку

ЛШ: Њукасл го декласира Карабах во Баку

Њукасл може да го прославува пласманот во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот плеј-оф натпревар го прегази Карабах на гостински терен со 1:6.

Англичаните му зададоа тежок удар на домаќинот во Баку, откако во првото полувреме имаа неверојатно висока предност од 0:5.

Ентони Гордон постигна рекордни 4 гола за него на еден меч од Лигата на шампионите, а петтиот беше дело на Малик Чао.

Во вториот дел домашните за момент јги израдуваа своите навивачи со голот на Јафаргулиев, но потоа следуваше еден убав гол на Марфи со кој Њукасл си ја врати предноста од пет гола разлика.

Реваншот на „Ст. Џејмс Парк“ се чини ќе биде само формалност.

To top