Фудбал

ЛШ: Арсенал триумфално низ Милано, кикс на ПСЖ, Реал Мадрид убедлив

ЛШ: Арсенал триумфално низ Милано, кикс на ПСЖ, Реал Мадрид убедлив

Наполи со нашиот репрезентативец Елиф Елмас играа против Копенхаген.

Дијамантот беше одличен на стадионот каде на 26 март со Македонија ќе игра бараж за СП со Данска. Убаво од корнер му асистираше на МекТоминеј за водство на Наполи од 0:1 во таа 39.минута. И покрај шансите, сепак Наполи не победи и тоа поради фактот што во 72.минута Ларсон од пенал израмни на 1:1. Елмас беше стартер и играше до 80.минута.

Реал Мадрид покажа конечно зошто е “кралски“ клуб. Успеа дури со 6:1 да го декласира и понижи Монако. Мбапе двапати, па Мастантуоно, Винисиус, Белингем и автогол на Керер.

Во Милано Арсенал го победи Интер со 1:3 и сега има “седум од седум“ во ЛШ.

Стрелци беа Жезус два и Ѓокереш, Интер преку Сучиќ израмни само на 1:1.

Европскиот првак ПСЖ беше поразен во Лисабон од Спортинг со 2:1 и тоа со примен гол во судиското продолжение, стрелец беше Суарез, кој и беше стрелец и за 1:0. Кварацкелија израмни, но сепак ПСЖ беше поразен.

На останатите мечеви Олимпијакос го победи Леверкузен со 2:0, Тотенхем славеше против Дортмунд со 2:0, а Ајакс како гостин победи кај Виљареал со 1:2.

To top