Фудбал Проблеми за Клоп

Ливерпул три недели без Алисон, пет без Жота

Ливерпул три недели без Алисон, пет без Жота

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека Алисон Бекер и Диого Жота ги очекува пауза, поради повредите со кои се здобија во дербито против Манчестер сити.

„Двајцата се надвор од тимот. Повредата на Алисон е поблага, нема да можеме да сметаме на него оваа и следната недела. Жота ќе мора да паузира малку подолго”, изјави Клоп.

Прогнозите се дека голманот Алисон ќе отсутвува три, а Жота пет недели.Покрај споменатиот тандем, повреден е и Енди Робертсон, кој ќе се врати по Нова година.

Се очекува Алисон да биде подготвен за дербито со Манчестер јунајтед на 17 декември, а ќе ги пропушти ЛАСК и Ројал Унион во Лига Европа, како и првенствените натпревари против Фулам, Шефилд и Кристал Палас.

To top