Ливерпул ги договори личните услови за голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили. 23-годишниот чувар на мрежата имаше одлични настапи на Европското првенство со фудбалската репрезентација на Грузија и го привлече вниманието на гигантите кон себе.
Англичаните го гледаат голманот како долгорочна замена за Алисон. Идејата на управата е да го ангажира сега, испраќајќи го на позајмица на една или две сезони, по што тој може да се врати на „Енфилд“ и да биде прв избор.
Останува уште Ливерпул да се договори со Валенсија за трансферната сума на Мамардашвили.Валенсија потпиша со Мамардашвили од редовите на Динамо Тбилиси во 2021 година