Фудбал Шок на ,,Енфилд”

Ливерпул потврди – Јирген Клоп заминува!

Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од оваа натпреварувачка сезона, официјално информираа од англискиот фудбалски клуб.

Ливерпул потврди – Јирген Клоп заминува!

Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од оваа натпреварувачка сезона, официјално информираа од англискиот фудбалски клуб.

Германскиот тренер ваквата одлука да се повлече од функцијата менаџер на „црвените“ ја пренесе до првите луѓе на „Енфилд“. Клоп го води Ливерпул од 8 октомври 2015 година и со кој успеа да ги освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФИФА Светското клупско првенство, ФА купот, Лига купот, УЕФА Суперкупот и ФА Комјунити Шилд.

Единственото натпреварување што не го освои, а можеше да го има е Лигата на Европа кога беше поразен во финалето од Севиља во 2016 година. Тој изгради династија на „Енфилд“, целосно го обнови тимот на кој му недостигаше победнички дух и создаде една од најмоќните генерации во историјата на клубот со Салах, Мане, Ван Дајк, Фирмино, Александар Арнолд, Хендерсон, Вајналдум, Милнер..

To top