Фудбал

Ливерпул остана без услугите на Џереми Фримпонг

Ливерпул остана без услугите на Џереми Фримпонг

Ливерпул ќе мора да се снаоѓа без Џереми Фримпонг откако холандскиот фудбалер заработи повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели.

Фримпонг се повреди на мечот против Карабах во Лигата на шампионите и беше принудно заменет, а по дополнителните медицински прегледи било утврдено дека му е потребна пауза за целосно закрепнување.

Холанѓанецот сезонава одигра единаесет натпревари во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и по еден меч во ФА Купот и англискиот Лига Куп.

 

To top