Според медиумите на Островот, во случај Мохамед Салах навистина да си оди од „Енфилд“ тогаш Ливерпул и тоа како ќе тргне по ѕвездата на Баерн Минхен, и тоа по Лирој Сане (28).
На германскиот репрезентативец во јуни му истекува договорот со “баварците“ па така тој во Ливерпул би дошол бесплатно што се однесува до отштетата.
Сане е добра опција за “Редси“ и поради фактот дека офанзивецот веќе играше во Премиер-лигата и тоа во Манчестер Сити од 2016 до 2020.