Мохамед Салах ги игра последните месеци во дресот на Ливерпул.
Тој ќе си замине по девет години и ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, во тимот на Ал-Итихад.
Управата на „Црвените“ секако дека бара замена за египетската легенда меѓу кои е и Бразилецот Родриго.
Трансферот на Родриго не би требало да биде голем проблем за „Црвените“. Неговата пазарна цена е 60 милиони евра, а таквите бројки се ситница за богатите англиски клубови.
Бразилецот е врзан со Реал Мадрид со договор до летото 2028 година. Тој сакаше да остане во претходниот период, но бидејќи често е во втор план, нема да биде изненадување ако на крајот одлучи да го напушти Бернабеу.