Ливерпул и Манчестер Јунајтед би можеле да влезат во ново големо ривалство – овојпат на трансфер-пазарот. Според информациите на англискиот медиум „Мирор“, актуелниот шампион на Англија се приклучил во трката за дефанзивецот на Евертон, Џерeд Братвајт.
23-годишниот стопер сезонава е еден од најстабилните играчи на „карамелите“ и веќе подолго време е на радарот на големите клубови.
Претходно беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но зделката пропадна по одлука на извршниот директор на клубот, Омар Берада.
Сега Јунајтед повторно покажува интерес, но конкуренцијата е посилна од кога било – Ливерпул е подготвен да влезе во жестока борба за потписот на Братвајт.