Фудбал

Ливерпул го продава Мохамед Салах

Ливерпул конечно се подготвени да ја прифатат понудата за Мохамед Салах ова лето.

Шпекулациите дека иднината на Салах е во Саудиска Арабија не се нови. Во јануари,

Ливерпул категорично ја отфрли понудата од Саудиската Про лига тешка дури 150 милиони фунти (100 милиони фунти плус 50 милиони додатоци).

Клоп тогаш јасно стави до знаење дека не доаѓа предвид клубот да се откаже од најдобриот стрелец и играч во екот на сезоната.

Очигледно сега нешто се сменило бидејќи одличниот Египќанец има само 11 месеци од договорот, по што може да го напушти „Енфилд“ како слободен играч.

To top