Фудбалерот на Челси Кристофер Нкунку не е задоволен од статусот што го има во тимот и порачал на клупските челници дека сака да си замине од Лондон.
Нкунку одигра само 910 минути во 27-те натпревари колку што беше на теренот оваа сезона. Често имаше проблеми со повреди, а најчесто беше стартер во Конференциската лига.
Во ова натпреварување тој постигна пет гола и забележа три асистенции во девет натпревари. Ова би значело и дека Челзи би можел да заработи од заминувањето на поранешниот напаѓач на Лајпциг и ПСЖ.
Нкунку е желба на речиси сите клубови во Премиер лигата кои се во горниот дел од табелата. Медиумите го поврзуваат со Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
.