Фудбал До денес, тој постигна 961 гол

Кристијано Роналдо наполни 41 година, Манчестер јунајтед му го честита роденденот

Роналдо е петкратен победник на Лигата на шампионите, трикратен победник на англиската Премиер лига и двапати шампион на Шпанското и Италијанското првенство. Тој исто така го освои Европското првенство во 2016 година.

Кристијано Роналдо наполни 41 година, Манчестер јунајтед му го честита роденденот

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, денес полни 41 година. Манчестер јунајтед му честиташе на својот поранешниот фудбалер.

На профилот на клубот на социјалните мрежи беше објавена порака со натпис „Среќен роденден!“, означена со профилот на играчот.

За време на неговата кариера, Португалецот играше и за Спортинг, Реал Мадрид и Јувентус.

До денес, Роналдо постигна 961 гол, од кои 818 беа на клупско ниво и 143 за португалската репрезентација.

Роналдо е петкратен победник на Лигата на шампионите, трикратен победник на англиската Премиер лига и двапати шампион на Шпанското и Италијанското првенство. Тој исто така го освои Европското првенство во 2016 година.

Португалецот ја освои Златната топка пет пати и Златната копачка четири пати. (МИА)

To top