Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо доби ново големо признание од УЕФА и денес му беше врачен трофејот за најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Роналдо се заблагодари на сите соиграчи и тренери долж кариерата, а Чеферин шеговито изјави дека му е жал што Португалецот веќе не е дел од Лигата на шампионите.
„Мислам дека Роналдо е единствениот играч што не старее, така што, јас не ја затворам вратата за негово враќање во елитниот ранг на УЕФА“, рече Чеферин.
Роналдо е апсолутен рекордер во Лигата на шампионите, има постигнато неверојатни 140 голови и вкупно петпати се закити со титулата во најквалитетното европско натпреварување.