Фудбал

Кралот Чарлс им порача на фудбалерите на Англија: Обезбедете победа без драматични пенали

Кралот Чарлс им порача на фудбалерите на Англија: Обезбедете победа без драматични пенали

Британскиот крал Чарлс Трети и честиташе на фудбалската репрезентација на Англија за пласманот во финалето на ЕП во фудбал.

„Мојата сопруга, јас и целото наше семејство ви испраќаме најсрдечни честитки за пласманот во финалето на Европското првенство. Ве повикувам да победите пред да има потреба од чудесен гол во последната минута или уште една драма од пенал-рулетот – тогаш, сигурен сум, значително ќе падне притисокот и пулсот на целата земја, со среќа на Англија“, напиша Чарлс Трети, на официјалната страница на британското кралско семејство .

To top