Фудбал

Костадинов: Ќе се надигруваме со секого

Костадинов: Ќе се надигруваме со секого

Тихомир Костадинов се врати во репрезентацијата на Македонија по тешката повреда која од терените го оддалечи скоро една година. 27-годишниот играч кој е член на полски Пјаст Гливице истакна дека оваа селекција сака да се надигрува со секого, па така ќе биде и со Италија и Англија.

„На последните два собири одигравме одлични натпревари. Се надевам така ќе биде и сега. Нè очекуваат тешки натпревари против моќни селекции, против кои сакаме да се надигруваме и да атакуваме по позитивни резултати. Натпреварот во Рим ќе биде многу поразличен од оној во Скопје, Наше е да одиграме како тим, да гинеме еден за друг и се разбира да ги извршиме зададените задачи од стучниот штаб. Само така може да оствариме добар резултат.

Мило ми е што одново сум тука. Минав низ многу тежок период. Со две операции и потенцијална трета. Долго време бев надвор од терените, но во последните два и пол месеци се чувствувам одлично и тренирам со полн интензитет. Немам одиграно официјален натпревар, но се чувствувам спремен. Навистина, среќен сум што повторно сум тука“, изјави Костадинов.

Македонија прво игра на гости со Италија во Рим, на 17 ноември, додека три дена подоцна во Скопје гостува Англија.

foto:FFM

Теми на денот

To top