Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно дисциплинската комисија денеска донесе одлука за прекинатиот меч меѓу Романија и Косово во Лигата на нации.
Средбата не го дочека својот крај, односно гостите одлучија во судиското продолжение да го напуштат теренот поради однесувањето и скандирањата на домашните навивачи. На крајот Романија службено го доби мечот со 3-0, заработи и парична казна, додека Косово исто така беше санкциониран со 6000 евра.
Меѓутоа во Косово не се докрај задоволни од одлуката, па најавија жалба до судот во Лозана поради тоа што УЕФА одлучи да го регистрира мечот со 3-0.
-Не се согласуваме со одлуката да ни се одземат бодови и натпреварот да се регистрира со 3-0 во корист на Романија. Во врска со оваа одлука федерацијата ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. Ќе продолжиме да ги штитиме правата и интегритетот на нашиот национален тим, -пораа од федерацијата.