Фудбал

Конор Галагер официјално ќе го засили Атлетико Мадрид

Конор Галагер официјално ќе го засили Атлетико Мадрид

Англискиот фудбалер на Челзи, Конор Галагер, ќе стане нов фудбалер на Атлетико Мадрид.

Атлетико за него ќе плати 40.000.000 евра за трансферот и се очекува наскоро да биде потврден.

Имаше разговори со Челзи за обновување на соработката, но исто така му беше соопштено и дека новиот менаџер Енцо Мареска го гледа како фудбалер од ротацијата на тимот, кој би морал на одредени натпревари да седи и на клупата за резерви.

 

To top