Фудбал 4:3

Клоп за победата против Фулам: Никогаш не сум видел натпревар со толку убави голови

Во моментов Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 31 бод, два помалку од лидерот Арсенал.

Клоп за победата против Фулам: Никогаш не сум видел натпревар со толку убави голови

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп е импресиониран од естетската привлечност на денешниот натпревар со Фулам на кој неговите избраници победија со 4:3.

-Мислам дека никогаш не сум видел натпревар со толку убави голови. Но, поради сопствената глупост, за малку ќе загубивме. Во првото полувреме, кога постигнувавме голови, играта во одбрана беше страшна. Во фудбалот се е до деталите. Игравме навистина добро, имаше многу добри шанси, но на пауза заминавме со резултат 2:2. Противникот не заостана и постигна прекрасен гол. Резултатот беше 2:3 и сите во дресот на Фулам веројатно мислеа дека тоа е тоа, но ние успеавме да одговориме со два гола од светска класа. Го менувавме системот на игра неколку пати. Имаше тензични моменти и мора да му се оддаде признание на Фулам за нивната игра, изјави Клоп.

Во моментов Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 31 бод, два помалку од лидерот Арсенал. (МИА)

To top