Фудбал

Клоп со лоши вести за Жота и Алисон

Клоп со лоши вести за Жота и Алисон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека повредата на Диого Жота ќе го оддалечи од терените со месеци. Дополнително на оваа непријатна вест, Германецот додаде дека Алисон Бекер, кој заработи повреда на мускулот пред мечот со Брентфорд, се уште е недостапен и нема да се врати во „догледна иднина“.

Аут за утрешната пресметка со Лутон Таун е и Кертис Џонс. Се шпекулираше дека по последниот натпревар се повредени и Мохамед Салах и Дарвин Нуњез, иако Клоп не ги именуваше меѓу играчите со проблеми, што беше сфатено како добар знак.

Сè уште не е јасно дали Доминик Собослај и Трент Александер-Арнолд ќе можат да се опорават за неделното финале против Челси, бидејќи и двајцата допрва треба да ги продолжат тренинзите со тимот.

– Би сакал да кажам дека немаме проблеми, но имаме. Алисон има повреда на мускулот за која не знаеме колку долго ќе потрае, но тој дефинитивно нема да се врати во догледна иднина. Диого е надвор од теренот заради проблем со коленото, Кертис има проблем со лигаментите. За Диого тоа се месеци, а не недели. Не можам да дадам временска рамка. За останатото ќе видиме од ден на ден. Трент и Собослај се блиску до враќање, но се уште не тренираат со тимот, па се уште не се достапни, изјави Клоп.

Германецот, кој го напушта „Енфилд“ на крајот од сезоната, потоа се осврна на својот утрешен противник.

-Лутон игра неверојатно дури и во натпреварите што ги губи. Имавме тежок натпревар на нивниот стадион. Сега тие открија како да им биде удобно и при поседот на топката. Заслужуваат почит, изјави Клоп на денешната прес-конференција.

To top