Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред дуелот против Аталанта утре во четвртфиналето на Лига Европа, изјави дека тимот од Бергамо е постојан во своите перформанси, но и дека секој од нивните играчи има различни квалитети.
-Очекуваме да бидат одлично организирани. Покрај тоа, тие се многу искусни. Не е вообичаено јас да бидам овде толку долго, а Џан Пјеро Гасперини да биде таму толку долго. Мислам дека треба да го напуштите клубот во подобра состојба отколку што сте го нашле. Се обидовме да го направиме тоа со нашата култура, разбирање и менталитет внатре во клубот. Останатото се резултати, можеби трофеи, но главно резултати, изјави Германецот на прес-конференцијата.
Додаде дека во моментов не планира идна кариера како менаџер.
-Прашајте ме за една година, додаде Клоп.