Фудбал „Црвените“

Клоп: Перформансите на Ливерпул се далеку од идеални

Победивме некои натпревари на кои покажавме не многу добар фудбал, изјави Клоп.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го сподели своето мислење за моменталната форма на неговиот тим. Тој истакна дека игрите на тимот се уште се далеку од идеални.

– Засега нашата игра е далеку од идеална. Но сепак уште сме ноември. Сезоната е пред нас. Победивме некои натпревари на кои покажавме не многу добар фудбал, изјави Клоп.

По 12 кола, тимот предводен од Клоп се наоѓа на второто место во табелата во Премиер лигата, со еден бод помалку од лидерот Манчестер сити.

Следниот натпревар „Црвените“ ќе го играат на 25 ноември токму против Манчестер сити. (МИА)

To top