Фудбал ливерпул лидер на табелата

Клоп: Можевме да му дадеме на Челзи уште еден или два гола

Германецот смета дека Ливерпул можеше да постигне и поубедлива победа доколку искористеше уште некоја шанса.

Клоп: Можевме да му дадеме на Челзи уште еден или два гола

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали својот тим по синоќешната победа над Челзи (4:1) во натпреварот од 22. коло на англискиот шампионат.

Германецот смета дека Ливерпул можеше да постигне и поубедлива победа доколку искористеше уште некоја шанса.

– Морате да играте одлично против тим како Челзи за да постигнете успех. Ова е супер талентиран тим. Начинот на кој Ливерпул го започна натпреварот беше навистина силен. Можевме да постигнеме уште еден или два гола. Играта на Конор Бредли? Неверојатна. Тој лета по теренот. Работи напорно и е добар фудбалер. Поради сите повреди што ги имаме, нема да можеме да постигнеме резултати доколку не се појават такви млади играчи, изјави Клоп за „BBC“.

Ливерпул со 51 бод е лидер во премиерлигашкиот поредок. Челзи е на 10. место со 31 бод.

To top