Фудбал уцени

Килијан Мбапе уценуван од сопствената мајка, исто како од лихвар, нов скандал го тресе светот на фудбалот: Или дај ми 30 отсто од платата или…

Речиси и да не помине преоден рок без Килијан Мбапе да привлече најголемо внимание, додека медиумските написи неретко ги пополнува и неговата мајка Фајза Ламари.

Таа има огромно влијание врз нејзиниот син, а јавноста веќе многу добро знае како функционираат работите кај нив.

Таа во фудбалските кругови е позната како тврд преговарач, а не е попустлива ниту кон Килијан.

„Му реков дека мора да даде најмалку 30% од платата, дека нема да се согласам со ништо помалку – во спротивно ќе се пензионирам, ќе одам на Малдиви или негде слично и ќе престанам да работам за него“, изјавила Ламари на промоцијата на фондацијата „Inspired by KM“ и потоа додала:

„На почетокот му кажав дека мора да биде 50 отсто, но разговаравме и дојдовме до 30 отсто“, додала Ламари.

Инаку, со фондацијата „Inspired by KM“, Мбапе и неговото семејство сакаат на талентираните млади да им овозможат пријатен и нормален живот, без жртвување, а токму самиот францускиот фудбалер пред неколку дена истакнал колку многу му недостасува нормален живот.

„Би платил многу, само да можам да отидам до пекарница и купам леб, или пак, да правам слични работи како сите нормални луѓе. Ја изгубив спонтаноста, сè околу мене е обмислено“, признал Мбапе.

To top