Фудбал

Кепа Аризабалага ќе го напушти Реал на крајот од сезоната

Кепа Аризабалага ќе го напушти Реал на крајот од сезоната

Шпанскиот голман Голманот Кепа Аризабалага ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната.

29-годишниот Шпанец е позајмен на „Бернабеу“ од Челси, но „кралевите“ немаат намера да го задржат.

Голманот не е задоволен со својата ситуација откако ја загуби битката за стартното место од Андриј Лунин. За него, сепак, Реал е цел од детството и тој останува да го почитува клубот.

Кепа оваа сезона забележа 18 настапи за Реал Мадрид во сите натпреварувања.

Тој има договор со Челси за уште една сезона

To top