Фудбал псж

Келаифи му верува на Мбапе: „Килијан е голем човек кој си го држи зборот!

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи денеска изјави дека сака францускиот напаѓач Килијан Мбапе да остане во тој фудбалски клуб и истакна дека тоа е најдобриот клуб за него.

Келаифи му верува на Мбапе: „Килијан е голем човек кој си го држи зборот!

Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи денеска изјави дека сака францускиот напаѓач Килијан Мбапе да остане во тој фудбалски клуб и истакна дека тоа е најдобриот клуб за него.

„Нема да кријам дека сакам Килијан да остане. Тој е најдобриот играч на светот, а ПСЖ е најдобриот клуб за него“, изјави Ал Келаифи за RMC.

„Тој е центарот на нашиот проект. Тој го има најдобриот тренинг центар во светот, најдобриот тренер во светот. Тој секако игра во Лигата на шампионите секоја година…“, додаде тој.

„Килијан е голем човек, одличен играч, но и одлична личност. Имам доверба во него, тој никогаш не би го повредил овој клуб. Затоа ги молам сите да го остават на мира. А нас, ние сме добро. Му верувам 200 проценти, добар е типот што ми даде збор и тој е човек од збор и му верувам. Нема да дозволам никој да го дестабилизира Килијан или тимот. Мојата порака е јасна, Килијан Мбапе е дел од нашиот семејството и јас ќе го заштитиме моето семејство“, рече Ал-Келаифи.

Договорот на Мбапе со францускиот шампион истекува во јуни и тој може слободно да бара нов клуб од 1 јануари, па медиумите веќе почнаа да шират гласини за неговата иднина.

Ал-Хелаифи побара смиреност.

Ни претстојат многу важни натпревари, ве молиме оставете го Килијан на мира“, изјави претседателот на ПСЖ.

Ал-Хелаифи вети и дека дуото тренерот Луис Енрике кој пристигна минатото лето и спортскиот директор Луис Кампос ќе останат на своите позиции и во наредните сезони.

„Многу сум задоволен од работата на двајцата, тие работат фантастична работа“, рече Ал Келаифи.

To top