Фудбал

Кејн тренира нормално во пресрет на полуфиналето со Холандија

Кејн тренира нормално во пресрет на полуфиналето со Холандија

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт можеше да се опушти на денешниот тренинг на „Трите лава“, бидејќи напаѓачот Хари Кејн тренираше на исто ниво со соиграчите.

Сите 26 репрезентативци тренираат целосно, што е добра вест особено за Кејн и Лук Шо, кој допрва треба да дебитира меѓу стартерите на ЕП 2024. Тој се појави против Швајцарија во 78. минута како замена за Коби Мајну. Самиот лев бек на Манчестер Јунајтед најави дека е подготвен да ја започне исклучително важната средба со Холандија.

Проблемите на Кејн за време на продолженијата во четвртфиналето против Швајцарија беа предизвикани од грчеви, а не од трајна повреда.

Во полуфиналето на ЕП 2024, Англија утре од 21 часот ќе игра против Холандија во Дортмунд.

To top