Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот за мартовските пријателски средби, а на него го нема името на легендарниот Нејмар.
Иако најдобриот стрелец во историјата на „селесао“ се врати на терените за Сантос, Анчелоти одлучи дека 34-годишната ѕвезда во моментов не е дел од неговите планови за Светското првенство 2026 година.
На местото на старите ѕвезди доаѓаат нови имиња, а предводник на бранот е напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. 24-годишниот стрелец доминира во Премиер лигата оваа сезона со 18 голови и го доби својот прв повик во кариерата.
Покрај него, дебитанти на списокот се и младиот Рајан од Борнмут, Габриел Сара од Галатасарај и дефанзивецот Лео Переира.
Во тимот се враќа и младиот Ендрик, кој моментално настапува како позајмен играч во Лион, додека Лукас Пакета остана надвор од комбинација.
Список фудбалери на Бразил:
Голмани: Алисон, Бенто, Едерсон.
Одбрана: Алекс Сандро, Бремер, Данило, Даглас Сантос, Габриел Магаљаеш, Ибањез, Лео Переира, Маркињос, Весли.
Среден ред: Андреј Сантос, Касемиро, Данило (Ботафого), Фабињо, Габриел Сара.
Напад: Ендрик, Мартинели, Игор Тијаго, Луиз Енрике, Матеус Куња, Рафиња, Рајан, Винисиус Јр, Жоао Педро.