Летниот караван на српскиот фудбалски клуб Црвена звезда денеска по втор пат ќе го посети Куманово со спортско-музички хепенинг на градскиот плоштад од 18 часот.
Навивачите и симпатизерите на клубот ќе имаат можност да го обноват своето членство, но и и да се фотографираат со пехарите од Лигата на шампионите, Супер лигата, како и Купот на Србија.
Како што најавуваат организаторите, специјален гостин ќе биде некогашниот југословенски и македонски фудбалер Илија Најдоски, кој меѓу другото има играно за Црвен Ѕвезда кога во 1991 година го освојува Купот на европските шампиони, а подоцна и станува светски клупски првак.
-Дружењето е замислена како отворена фан зона, со анимации за посетителите, штанд за членoвите, а ќе бидат изложени и трофеите од Лигата на шампионите, од националното првенство и од Купот на Србија, со кои посетителите ќе можат да се фотографираат. Целиот настан ќе биде проследен со навивачките песни на фудбалскиот клуб. Ги повикуваме сите љубители, симпатизери и навивачи на ФК Црвена Звезда да бидат дел од овој голем настан, и да поминат едно незаборавно попладне со нас“, изјави Емил Ташевски, организатор на настанот и логистичка поддршка на клубот Црвена Звезда.