Фудбал квалификации

Како детенцето кое собира топки ја надмудри целата одбрана на Италија (ВИДЕО)

Да не беше 15-годишното момче кое брзо реагираше, немаше да го има ни голот на Мусијала за кој се зборува во четвртфиналните натпревари на Лигата нации.

Веќе пишувавме за чудесниот, ретко виден гол на Германија во дуелот против Италија во четвртфиналето на Лигата нации, Кимих брзо изведе корнер, а топката ја внесе во празната мрежа Мусијала.

И сето тоа додека Донарума разговараше со своите соиграчи и ги распореди во својот шестнаесетник, во моментот кога корнерот веќе беше изведен.

Но, да не беше способниот собирач на топки зад голот на Азурите, немаше да има ни овој погодок, со кој тогаш Германија поведе со 2:0.

Снаодливото момче одлично ја следеше ситуацијата, многу подобро отколку целата италијанска репрезентација, му ја даде топката на Кимих, а потоа следуваше веќе опишаниот сценарио. Инаку, за изведување на корнер не е потребен судиски знак…

На крајот, дуелот во Дортмунд заврши нерешено (3:3), што беше доволно за Германците да се пласираат во полуфиналето на Лигата нации, по триумфот во првиот натпревар од 2:1 во Милано. Германија во полуфиналето ќе игра против Португалија.

To top