Италијанскиот шампион Јувентус почна преговори со Баерн Минхен за ангажирање на неколку фудбалери на германскиот гигант.
Јувентус сака да се врати на врвот на италијанскиот фудбал, па затоа планира летово да се засили со четворица фудбалери на Баерн.
На списокот со желби на Масимилијано Алегри се Леон Горецка, Џошуа Зиркзе, Нусар Мазрауи и Лирој Сане.
„Старата дама“ во моментов е на третата позиција во Серија А со 58 бодови, односно еден бод помалку од Милан и 17 поени помалку од Интер.