Фудбал

Јувентус го сака Санчо во јануари

Јувентус го сака Санчо во јануари

Јувентус сериозно ја разгледува можноста за трансфер на Џејдон Санчо во јануарскиот преоден рок.

Англискиот репрезентативец се наоѓа во немилост на Ерик Тен Хаг уште од почетокот на септември од кога не се наоѓа во составот на Манчестер Јунајтед и тоа е тежок удар по неговата кариера.

Сезонава Санчо настапи на само три натпревари, вкупно 76 минути, а последниот меч му беше против Нотингем Форест на 26 август. Како последица на сето ова, вредноста на Санчо падна на 32 милиони евра што е далеку од оние 85 милиони кога Јунајтед ги плати за него.

foto:instagramFCManUtd

To top