Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус.
Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил.
Раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.