Македонскиот фудбалер Стефан Ристовски запиша голем јубилеј во дресот на хрватскиот фудбалски тим Динамо Загреб.
Искусниот бек беше стартер во мечот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Карабах, но се повреди и по 21 минута беше заменет.
Ристовски го запиша својот 150. официјален настап за „модрите“. Хрватскиот шампион не ја пропушти шансата и му го честита јубилејот со објава на социјалните мрежи.
Стефан Ристовски пристигна во Динамо Загреб во 2021 година, оттогаш освои осум трофеи од кои четири во првенството,