Италија славеше на „Паркот на принцовите“ со 3-1 иако почетокот на мечот за нив беше шокантен затоа што примија гол по само 13 секунди игра и тоа преку талентираниот Баркола.
Меѓутоа Италијанците се вратија во 30 минута по страшната комбинација во режија на Тонали и Димарко, комбинација која овој вториот ја заврши со атрактивен волеј удар и погодок за 1-1.
Во вториот дел гостите постигнаа погодови преку Фратези и Распадори на асистенции на Ретеги и Удоги за големи три бода во групата 2 во сегментот А во Лигата на нации.