Фудбал

Иран се откажа од настапот на СП 2026

Иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали објави дека репрезентацијата нема да учествува на Светското првенство во 2026 година.

Иран се откажа од настапот на СП 2026

Иранскиот министер за спорт Ахмад Донјамали објави дека репрезентацијата нема да учествува на Светското првенство во 2026 година.

– Откако корумпираната влада го уби нашиот лидер, нема услови што ни дозволуваат да учествуваме на Светското првенство. Со оглед на непријателските дејствија преземени против Иран, ни беа наметнати две војни за осум или девет месеци, а неколку илјади наши граѓани беа убиени. Поради оваа причина, сигурно нема да учествуваме на таков настан, изјави Донјамали за ТВ2.

На 28 февруари, Израел и САД започнаа воена операција против Иран. Воздушни и ракетни напади погодија воени објекти и градови низ целата земја.

Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Иран се квалификуваше за турнирот и беше извлечен во групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд. Иран треба да игра два натпревара од групната фаза во Лос Анџелес и еден во Сиетл.

To top