Фудбал по поразот од Болоња

Инзаги: Сакавме четвртфинале, но не успеавме

Болоња во четвртфиналето ќе игра против Фиорентина.

Инзаги: Сакавме четвртфинале, но не успеавме

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз од Болоња во осминафиналето од Купот на Италија.

Миланскиот клуб загуби на свој терен со 2:1 по продолженија, иако прв дојде во водство. Сите три гола беа постигнати во дополнителните 30 минути.

– Можам само да ги критикувам моите фудбалери за играта во последните 15 минути од натпреварот. До тогаш одигравме одличен натпревар. Момците се незадоволни, сакавме четвртфинале, но не успеавме, изјави Инзаги.

Во 65. минута еден од најдобрите фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез промаши пенал, а во првото продолжение се повреди и беше заменет.

Болоња во четвртфиналето ќе игра против Фиорентина.

To top