Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека разговарал со претседателот на САД, Доналд Трамп, за подготовките за Светското првенство во 2026 година и учеството на иранската репрезентација.
– Остануваат уште три месеци до почетокот на турнирот. За време на нашиот разговор, се осврнавме за ситуацијата во Иран и успешното квалификување на иранската репрезентација за Светското првенство. Претседателот Трамп потврди дека иранската репрезентација е поканета да учествува на турнирот. Светското првенство е важен настан што ги обединува луѓето. Искрено сум благодарен на претседателот на САД за неговата поддршка, што уште еднаш ја нагласува обединувачката моќ на фудбалот, напиша Инфантино на социјалните медиуми.
На 28 февруари, Израел и САД започнаа воена операција против Иран. Воздушни и ракетни напади погодија воени објекти и градови во земјата.
Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули.