Фудбал

Инфантино: ФИФА е против син картон, нема шанса да се имплементира

Инфантино: ФИФА е против син картон, нема шанса да се имплементира

Фудбалското тело за носење на нови правила ИФАБ одржа состанок в сабота, а една од темите беше имплементација на синиот картон. Оваа идеја се појави пред неколку месеци, меѓутоа далеку е од реализација.

На оваа тема зборуваше и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, кој јасно и гласно стави крај на шпекулациите за имплементација на такво правило.

„ФИФА одлучи против сините картони. Нема шанса! Нема да има син картон во елитното ниво на фудбалот. Тоа едноставно нема да се случи – нашите позиции на таа тема се кристално јасно. Темата за нас не постои, ќе ви го дадам ставот на ФИФА. Црвен картон за синиот картон!

Мора да бидеме сериозни. Секогаш сме отворени за новите идеи и предлози, но важно е да се заштити традицијата и убавината на играта. Нема да има син картон“, изјави Инфантино.

To top