Фудбал германија

Им се случува и на Германците: Стадионот на Хофенхајм комплетно потопен, наликува на базен (ВИДЕО)

Во обилните врнежи кои го погодија германскиот регион Баден-Виртемберг настрада и стадионот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм.

Како што може да се види на снимките кои се појавија, „Рајн Некар арена“ е целосно потопена, а теренот е уништен.

Дождот непрекинато и интензивно врнеше неколку дена, па стадионот кој е отворен во 2009 година, се претвори во вистински базен.

Стадионот има капацитет од 30.000 места, а Хофенхајм ја заврши минатата сезона на седмото место и се пласираше во Лигата на Европа.

Хофенхајм сè уште не се изјаснил јавно за поплавата, а во Баден-Виртемберг е прогласен четврти степен на тревога поради обилните врнежи.

To top