Илкај Гундоган, фудбалерот на Барселона, би можел да се врати во англискиот шампионат во актуелниот шампион Манчестер Сити објави „Скај Спортс“.
Гундоган е подготвен да ја напушти Барселона и веќе ги информирал претставниците на клубот за својата одлука. Сепак, тренерот Ханс Флик изјави дека играчот најверојатно ќе остане во клубот.
Минатата сезона 33-годишниот играч од средниот ред одигра 51 натпревар за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и остварувајќи 14 асистенции. Неговиот договор со Барселона е со важност до летото 2025 година.