Германската полиција спречи огромна трагедија во Хамбург откако беше обелоденето дека едно лице е застрелано во центарот на овој град, на неколку часа пред почетокот на натпреварот меѓу Холандија и Полска.
Лицето е видено со златна секира во рацете, како се залетува кон кортеото од над 40.000 холандски фанови што се движеше низ улиците на Хамбург.
Полициските сили најпрвин го предупредиле со извици, потоа е испукан и еден куршум во воздух, а откако осомничениот продолжил да се движи кон холандските фанови тој бил застрелан од полицијата, по што апднал на земјата.
„Според првите сознанија, едно лице било закана за полицајците и за големиот број навивачи. Тоа се движело со секира и со запалива направа, по што полицијците пукале кон него. Укажана му е медицинска помош и не се наоѓа во животна опасност“, се вели во соопштението на полицијата од Хамбург.