Фудбал фудбал

Хит изјава на Алегри за битката со Интер: Тие се крадци, ние полицајци

Tимот на Јувентус игра се подобро во последно време и продолжи да го брка Интер кој е лидер со два бода предност. Вчера „старата дама“ со 3:0 беше подобра од Сасуоло на свој терен.

По натпреварот Масимилијано Алегри како и претходно неколку пати избегна да зборува за Скудетото, но со интересна изјава ја опиша трката помеѓу неговиот тим и Интер.

„Не сум навикнат да размислувам за Скудетото. Битката за врвот е како крадци и полицајци, тие бегаат ние ги бркаме. Натпреварот против Лече нема да биде лесен бидејќи гостуваме. Овој противник не дозволува на противниците многу голови на свој терен“, изјави Алегри.

Не пропушти Алегри да потенцира и дека мора да продолжат напорно да работат.

„Важно е да останеме приземјени и да одиме чекор по чекор. Мораме да продолжиме во духот кој ни помогна да освоиме 49 бода. Работата е она што најважно во фудбалот“, додаде италијанскиот стратег.

To top