Фудбал

Хари Кејн се враќа во Премиер лигата

Хари Кејн се враќа во Премиер лигата

Англискиот фудбалер Хари Кејн изминатото лето стави крај на ерата помината во Тотенхем и се пресели во редовите на Баерн Минхен каде на последниот натпревар против Бохум испиша и историја како голгетер кој најбрзо стигнал до 25 постигнати погодоци во елитното германско првенство.

Кејн не е задоволен како се одвиваат работите во Баерн Минхен и наскоро би можел да се врати во Премиерлигата и тоа со изненадувачки трансфер, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Челси е подготвен да влезе во преговори со Баерн Минхен за негов анагажман и воедно да ја плати сумата која Германците ја издовија за ангажман на Англичанецот во 2023 година од 90 милиони евра.

To top