Фудбал Поради судиска одлука

Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи

Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи

Ерлинг Халанд реагираше најжестоко на одлуката на судијата Сајмон Хупер да го прекине нападот на Манчестер Сити, во кој Џек Грилиш излезе сам пред голманот на Тотенхем, а не се смири и откако замина во соблекувалната.

Норвежанецот доби жолт картон за протестите иако беше јасно дека судијата не постапи најкоректно во оваа ситуација и индиректно го оштети домашниот состав и бесен замина во соблекувалната, а во сличен стил продолжи и на социјалните мрежи.

Откако го прегледал видеото, на кое се гледа дека Хупер дава предност, па веднаш потоа го прекинува нападот, на голгетерот на Сити очигледно ништо не му е јасно па го објави видеото со краток коментар.

To top