Фудбал

Гвардиола: Сакам да ги критикувам играчите пред камерите

Гвардиола: Сакам да ги критикувам играчите пред камерите

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот со Астон Вила го пофали тренерот на тимот од Бирмингем, Унаи Емери.

„Граѓаните“ во последното коло одиграа нерешено со Арсенал 0:0, и сакаат да се вратат на победничкиот колосек. Моменталната ситуација е таква што Манчестер Сити ја „брка“ предноста на Ливерпул и второпласираниот Арсенал.

-Астон Вила игра одлично. Унаи Емери беше константен оваа сезона. Вила под Емери не ме изненадува. Тие се импресивни. Тие се добри во паузи и транзиции. Затоа се таму каде што се, изјави Пеп Гвардиола, пред мечот со Вила.

Потоа Гвардиола отворено проговори за критиките на Џек Грилиш по мечот со Арсенал, кои ги снимија камерите.

-Тоа го правам пред камери бидејќи така го хранам моето его. Јас сум најпознатата личност во тимот ако сум пред камерите. Секогаш се трудам да ги критикувам играчите за да се чувствуваат лошо. И сите комплименти секогаш одат на моја сметка, а не на нивна, саркастично изјави Гвардиола.

To top