Фудбал Премиер лига

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во Лигата на шампионите

Сега ризикуваме да не влеземе во Лигата на шампионите… Секако дека е така! Дефинитивно. Манчестер сити мора што поскоро да почне да освојува бодови и да победува, во спротивно нема да се пласираме во Лигата на шампионите, изјави Гвардиола.

Гвардиола: Манчестер сити е во ризик да не се пласира во Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред натпреварот од 18. коло од Премиер лигата против Евертон истакна дека неговиот тим ризикува да не се пласира во Лигата на шампионите на крајот од сезоната.

– Сега ризикуваме да не влеземе во Лигата на шампионите… Секако дека е така! Дефинитивно. Манчестер сити мора што поскоро да почне да освојува бодови и да победува, во спротивно нема да се пласираме во Лигата на шампионите, изјави Гвардиола за „Би-би-си“.

Натпреварот помеѓу Манчестер сити и Евертон ќе се игра попладне со почеток во 13:30 часот.

Тимот на Гвардиола има 27 бодови од 17 натпревари во Премиер лигата и се наоѓа на 6. место во поредокот. Лидер е Ливерпул со 36 бодови.

To top