Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се осврна на синоќешниот пораз од Јувентус (0:2) во натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите.
– Не мислам дека грешките во одбраната беа во голема мера причина за поразот. Тоа не беше причината. Ни недостасуваше последното додавање. Тоа беше разликата денес. Ние сме најдобри, го сакам мојот тим, начинот на кој играме, а овој резултат нема да ме убеди во спротивното. Секако, си поставувам прашања и во добри и во лоши моменти. Бев стабилен во добрите моменти, бев стабилен во лошите моменти. Се обидувам да најдам решение. Јувентус е одличен тим и им посакувам се најдобро. Ова е лошо време за нас, се мачиме, но нашиот стил на игра ќе не спаси, ќе ни донесе победи, изјави Гвардиола за сајтот на УЕФА.
Јувентус со 11 бодови и се искачи на 14. место во поредокот на елитното фудбалско натпреварување, Манчестер сити падна на 22. место со осум бодови.