Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска дека не планира да работи во други клубови откако ќе му заврши ангажманот во актуелниот англиски првак.
-Нема да раководам со друг тим. Не зборувам за долгорочна иднина, но нема да го напуштам Манчестер Сити, да одам во друга земја и да почнам одново. Нема да имам сила, изјави Гвардиола.
Шпанскиот стратег, сепак, не ја исклучи можноста во иднина да биде селектор.
Гвардиола е тренер на Манчестер Сити од 2016 година, а неодамна го обнови договорот на уште две години.